Мегафон

Култниот контроверзен словенечки бенд „Лајбах“ со концерт во Битола

Култниот контроверзен словенечки бенд „Лајбах“ со концерт во Битола

Центарот за култура – Битола ги најави првите изведувачи на јубилејното 15-то издание на Фестивалот на музика од светот. Се работи за авангардниот словенечки индустријал состав „Лајбах“ кој во рамки на својата европска турнеја „Love is still alive“ ќе гостува во Битола на 25-ти ноември. Бендот кој претставува музичко крило на движењето Neue Slowenische Kunst (NSK) e основан во 1980 година и во тој период често беше предмет на контроверзии и забрани.

„Веќе е потпишан договор за бенд кој на светската мапа на бендови е запишан од 80-тите години, бил предмет на контроверзии, а потоа се докажал дека се најголемите “индустријал“ уметници на сите времиња. Ние влегуваме во нивната есенска, светска турнеа, и се наоѓаме на мапата на нивната турнеа, покрај 20 други градови, покрај Лондон, Амстердам, Малме, Прага…

Станува збор за бендот “Лајбах“ кои ги поканивме во Битола по мои контакти и веќе е потпишан договорот за настапот во Битола, а ќе биде голем целовечерен концерт. Тие веќе на нивниот спот за турнеата, ја најавија Битола“ – изјави Маја Андоновска-Илиевски, директор на Центарот за култура во Битола.

To top