Радио Милева На телевизија едно, во живо друго

„Криво ми е“: Елена Миленковска проговори за она што гледачите не можеа да го видат од „Ѕвездите на Гранд“

„Криво ми е“: Елена Миленковска проговори за она што гледачите не можеа да го видат од „Ѕвездите на Гранд“

Македонската кандидатка со српска адреса, Елена Миленковска, се претстави во петтиот круг од „Ѕвездите на Гранд“.

Како и останатите Македонци, и таа не се пласираше директно за следниот круг, туку мораше да го повтори својот настап во бараж.

Сепак, таму беше избрана меѓу подобрите, па успеа да се извлече од излегување.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/prvpat-zaedno-pred-kameri-elena-milenkovska-ja-imashe-najslatkata-poddrshka-vo-dzvezdite-na-grand/

Таа се претстави со песните „Гинем“ од Магазин и „Тај живот мој“ од Ана Бекута, по што доби 4 гласа.

Во коментарите имаше доста критикики на нејзина сметка, но и за нејзиниот ментор Александар Милиќ- Мили.

По емитувањето на шоуто, Миленковска се огласи на својот Инстаграм и напиша дека имало и многу убави коментари, но тоа било исечено во монтажа, за што и е криво.

-Ви благодариме на сите за искрената поддршка. Јас сум задоволна и среќна. Криво ми е што сите многу убави коментари од жирито се исечени, но се е во ред. Благодарам на мојот ментор и семејството за најголемата поддршка.
Ве сакам. Одиме понатаму – пишува Елена во објавата.

To top