Терндовите кога е во прашање жанската убавина се нешто кое кога ќе се наметне преминува во строг конформизам меѓу припадничките од понежниот пол.
Па така, сигурно многупати сте помислиле колку девојки и жени потсетуваат една на друга откако стана редовна пракса речиси секоја втора да има пополнети или зголемени усни и екстензии или надоградба на косата.
Овој тренд е задолжителен кај оние што се занимаваат со јавна професија, така што сите наликуваат една на друга кога ќе направат и слична фризура, боја на коса, шминка…
View this post on Instagram
Со една од своите понови преобразби кои ги прави доста често, нашата мисица и надежна пејачка Кристина Димитриевска, е како нова личност.
Таа сега стави екстензии во косата и на прв поглед изгледа сосема поразлично.
View this post on Instagram
Со кадрава коса, права,куса или долга, со минимална шминка, без неа или пак со јака и впечатлива, Кристина изгледа прекрасно.