Крис Џенер најпосле ја искоментира веста за разводот на Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Канје Вест.
Пред да започне последната сезона на семејното ријлити во Соединетите држави, Џенер беше интервјуирана во една австралиска програма, каде за прв пат јавно коментираше за разводот на нејзината ќерка.
– Не мислам дека некогаш е вистинско време за тоа и дека би било тешко во секој момент … Знаете дека имаат деца – рече Крис.
– Најубавото нешто во нашето семејство е тоа што секогаш сме тука и се поддржуваме, и се сакаме многу, многу. Значи, сакам само тие двајца да бидат среќни. И сакам нивните деца да бидат среќни. Мислам дека секој од нас сонува за тоа … Цени ја љубовта и биди благодарна – истакна популарната мама.
На прашањето дали гледачите ќе ја видат двојката како се разведува во последната сезона од реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, Џенер ја заинтригира публиката.
– Можеби. Не знам што тие одлучија да направат во финалето, бидејќи се уште не сме го виделе ниту првото шоу. Но, сигурен сум дека ги прават последните промени. Ким сакаше да се забавува со сопственото семејство. Сигурен сум дека ќе го стори она што треба да го стори – заклучи таа.