Едноставниот рецепт и брзата подготовка ќе ве натера постојано да ја правите.
Состојки:
За кората:
2 јајца
2 лажици брашно
1 лажица какао
1/2 прашок за пециво
2 лажици масло
2 лажици млеко + млеко за прелевање
За фил:
1л млеко
4 лажици густин
6 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
Малку екстракт од ванила
2 лажици какао
Лешници за декорација
Подготовка:
Одделете ги жолчките и белките, во садот со жолчките додадете шеќер и матете. Потоа додадете масло, брашно, какао, млеко и прашок за пециво и измешајте сè.
Белките изматете ги во шлаг и соединете ги двете смеси.
Смесата ставете ја во подмачкан калап и ставете да се пече 15 минути на 200 степени.
Додека кората се пече, подгответе го филот. Поделете го млеко на два еднакви дела во два сада. На двете места ставете по 3 лажици шеќер и 2 полни лажици густин. Потоа додадете ванилин шеќер и екстракт од ванила во првиот сад, а во вториот какао. Кога ќе ја извадите кората од рернаа, натопете ја со млеко, а потоа ставете ги филовите да се готват и мешајте ги. Тргнете ги од оган кога ќе се згуснат.
На кората наизменично ставајте од белиот и кафеавиот фил дедека не ја потрошите смесата.
Оставете го колачот да се олади околу час и половина, а потоа послужете!
извор:попара.мк