Кремаста и лесна за стомакот.
Состојки:
2 средни тиквички
1 морков
200 мл свежо млеко
1 лажица путер
бибер
3 чешниња лук
Леб за крутони
Подготовка:
Излупете ги тиквичките и исечете ги на коцки. Ставете ги да се сварат во солена вода.
Кога ќе се сварат, исцедете ги, додадете лук и убаво изгмечете ги.
Разредете ја супата со малку вода во која ги варевте тиквичките. Додадете топло свежо млеко, кравји путер и бибер.
Во тава пропржете го лебот исечен на коцки, во малку кравји путер, бибер и лук во прав.
Додадете ги крутоните пред да ја послужите крем супата.
извор: Кајгана