Направете вкусна салата со пилешко месо.
Состојки:
1 парче пилешко месо
3 лажици пченка од конзерва
2 компири
200 гр. шампињони
200 гр. мајонез
сол, бибер и магдонос
Подготовка:
Се вари пилешкото месо во солена вода.
Шампињоните исто така се ставаат да се сварат. Откако ќе зовријат сменете им ја водата, па кога повторно ќе зовријат уште еднаш сменете ја.
Сварете ја и пченката.
Исечете го пилешкото или исцепкајте го, па ставате го во сад со шампињоните и пченката, додајте зачини и мајонез.
Додајте и магдонос и се измешајте.
Добар апетит!