Живот и Стил

Крцкави компирчиња со сланина!

Крцкави компирчиња со сланина!

Едно многу брзо јадење кое сите го обожаваат.

Потребно е:

1 кг компир
300 грама сланина
Сол
бибер
сода бикарбона
малку зачинска сува пиперка.

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на големи парчиња. Ставете го во вода да се варат околу 20 минути. Во водата додадете 1 лажичка сода бикарбона и 1 лажичка сол. Исцедете ги компирите и оставете ги на страна.

Во тава ситно исецкајте ја сланината и пропржете ја. Во неа додадете ги варените компири. Додадете зачини по ваш избор: бибер, зачинска пиперка, малку рузмарин или мајчина душица.

 

To top