Амел Чуриќ, пејачот кој во 2016 година ја воодушеви публиката и го однесе првото место во Х-фактор, пред себе има нов животен предизвик – да биде родител.
Пејачот доби син во утринските часови. Амел не го криеше возбудувањето, а своите емоции ги сподели на Инстаграм.
-Дојде и тој величенствен момент во мојот живот. Станав татко. Со Божја помош, мојата храбра сопруга утрово на свет го донесе нашиот мал буцкаст фреар од дури 4.1 кг. Тој мал фраер се вика Кан и едвај чекам да запееме заедно, напиша среќниот татко.