Живот и Стил

Кратката коса е повторно во тренд: Ова се убедливо најдобрите фризури за есенската сезона

Кратката коса е повторно во тренд: Ова се убедливо најдобрите фризури за есенската сезона

Заборавете на долгата коса оваа есен – на сцената настапуваат пократки и фризури со средна должина, а пред сè се цени здравата, негувана и блескава коса.

Оваа година нема средина кога станува збор за стилизирање на косата. Во тренд се или исклучително прави фризури или потполно „разбушавени“ и со максимален волумен.

Најчестиот избор на дамите оваа есен ќе бидат боб, лоб, како и кратката, степенесто потстрижана коса со шишки.

Најдоброто кај кратките фризури е што одземаат само неколку минути за стилизирање. Можете слободно да заборавите на фенирањето и одењето на фризер – со минимален труд ќе имате совршено стилизирана коса.

Боб фризурата инспирирана од 90-те години одлично прилега на секоја дама. Должината е идеална за секој облик на лице, па така сигурно нема да погрешите доколку се одлучите за неа.

Исто така, и лоб фризурата која се одликува со малку пократок заден дел од предниот, одлично прилега на секоја форма на лице.

Степенестата фризура е за оние малку похрабрите дами.

извор: точка.мк

To top