Живот и Стил

Кралски есенски третман за вашата кожа

Кралски есенски третман за вашата кожа

Со првите постудени денови, нашата кожа станува посува. Постуденото време, климатизираните простории и недостатокот на сонце предизвикуваат сувост и нејзино пукање и затоа е потребно посебно внимание во текот на овие месеци.

Но, не ни се потребни скапи производи за да ја одржиме нашата кожа нежна и блескава. За да ја вратиме нејзината свежина, можеме да искористиме многу состојки од домашната кујна. Една од нив е и циметот.

Овој пилинг помага ослободување од мртвите клетки, а и помага и на кожата да биде нежна и блескава. Освен тоа, тој ириса прекрасно.

Потребни состојки:

3 големи лажици шеќер

1 голема лажица цимет во прав

3 големи лажици кокосово масло

Измешајте ги сите состојки во сад и веќе пилингот е готов. Ако немате кокосово масло, можете да го замените и со маслиново.

Уживате во мирисот и кралскиот третман.

To top