Тиквата има најмногу хранливи состојки. Нејзиниот плод е богат со вода, влакна, витамини и минерали, додека семето е богато со масла, протеини и минерали.
Тиквата е одлична за исфрлање на вишокот вода од организмот, особено за луѓето кои страдаат од реума или воспаление на бубрезите.
Дијабетичарите треба почесто да јадат тиква, како и луѓето со прекумерна дебелина. Одлична е и за луѓето кои имаат проблеми со желудникот и тенкото црево.
Во 245 гр тиква има 49 калории, 0,2 гр маснотии, 2 гр протеини, 3 гр влакна. Покрај тоа содржи витамини А и Ц, калиум, бакар, манган, витамини Б2 и Е, железо и магнезиум, фосфор, цинк, фолат.
Тиквата содржи и антиоксиданси како бета-каротен и алфа-каротен, кои го намалуваат ризикот од рак, очни болести и ја штитат кожата од оштетување.
Во народната медицина семките од тиква се користат како средство против детски глисти. Семките од тиква треба да јадат и деца, бремени жени, доилки и повозрасни луѓе. Може да јадете семки од тиква со мед на празен стомак. Малите деца треба да јадат од 30 до 50 грама, возрасните од 30 до 50, а постарите луѓе од 300 до 400 грама.
Семките од тиква се добри и за луѓето кои имаат проблеми со простата.
извор: Kajгана