Високите потпетици со децении ги краселе модните писти и биле ненадминливи кога станува збор за елеганцијата и стилот на жените. Изгледа дека тронот на високите потпетици им е потресен и дека модерното доба носи феномен.
Но, иако модерните патики можеби го преземале тронот од високите потпетици, овој несекојдневен стил исто така претставувал и радикален чекор, кој сите го прифатиле со две раце.
Според модната платформа “Lyst”, патиките претставувале четири од првите 10 најбарани модни предмети во четвртиот квартал на 2018-та година.
Серена Вилијамс дури и носела патики на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, под својот фустан од Валентино, а да не ја споменуваме нејзината свадба, на која исто така се одлучила за овој моден тренд. Иако патиките не се сметале за прикладна формална облека пред 10 години, менталитетот многу се променил.
Кодовите на облекување, во главно, станале поопуштени, овозможувајќи им на патиките да напредуваат во својата работа за комбинирање за секоја прилика.
Инстаграм е преплавен со влијанија за овие обувки – вклучувајќи ги и Џиџи и Бела Хадид и Хејли Бибер – кои гордо носат патики, во сите модни комбинации, од коктел фустани до фармерки и маици. Меѓу омилените им се “Louis Vuiton” и “Balenciaga Triple 5”, а двата пара доаѓаат во цена од околу 680 до 1.150 евра.
Во јануари 2014-та година покојниот Карл Лагерфелд одржал модна ревија предводена од Кара Делевињ. Покрај спектакуларните креации, величенствени ткаенини, највпечатливи од се биле модерните патики, кои моделите ги носеле на таков начин кој ги оставил сите без текст. Сите сме навикнати на модели во високи потпетици, зарем не?
Цената на еден пар од овие патики изнесувала 3.000 евра и било потребно 30 часа за нивната изработка. Пет години подоцна, феноменот на модерни патики изгледа достигнал точка без враќање.
извор:точка.ком.мк