Последните неколку недели во медиумите се зборува дека Тања Савиќ се разведува од сопругот Душан. Дури во медиумите се појавија гласини дека сопругот извршил физички напад врз пејачакта, при што таа демантираше и истакна дека проблемите со сопругот никогаш не ги решава со насилство.
Пејачката одлучи да не зборува јавно за својот приватен живот, а на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со Душан и покажа дека се е во ред во нивниот брак.
Тие беа на семеен ручек, па Тања порача дека од разводот нема ништо.