Жените кои не успеале да го истемпираат годишниот одмор, ја знаат маката со менструацијата на плажа.
За среќа, еден британски бренд се покажа како посебно мудар, барем кога е најголемиот женски проблем во прашање.
Нивниот костим за капење е посебен од неколку причини.
Прво, спречува пропуштање, па нема да мора да се грижите и проверувате на секои 5 минути. Второ, брзо се суши и не остануваат дамки. Трето, спречува непријатни мириси, бактерии и било какви инфекции.
Доаѓа во две црни варијанти – како монокини и бикини, а направен е од материјал кој наводно впива течност колку 1 ½ тампон, па со тоа е подобро решение од самите тампони.
Би го облекле за на плажа во „оние денови“?