Радио Милева трансформација

„Косата и го промени личниот опис“: Oбожавателите не можат да ја препознаат познатата актерка (фото)

„Косата и го промени личниот опис“: Oбожавателите не можат да ја препознаат познатата актерка (фото)

Актерката Џенифер Гарнер неодамна позираше за насловната страница на мајското издание на магазинот „Allure“, а многумина забележаа дека е речиси непрепознатлива во споредба со нејзиниот вообичаен изглед. Инаку, оваа 51-годишна актерка не е склона да експериментира со трендовите, но со години беше препознатлива како слатка бринета со природни црти на лицето.

Сепак, за потребите на ова снимање, Гарнер решила на храбар чекор и позирала со перики во различни бои. Како резултат на тоа, имавме можност да ја видиме во сосема различни изданија – како русокоса и црвенокоса убавица. Секако, фотографиите од ова снимање стигнаа до социјалните мрежи, а многумина беа збунети или тешко ја препознаа актерката на насловната страница на „Allure“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Garner (@jennifer.garner)

Во коментарите можете да прочитате и изјави како „Изгледа прекрасно, но не сум сигурен дека е таа“ или „Извини, но не сакам руса коса“, „Нејзината коса го промени нејзиниот личен опис“.

фото:Инстаграм принтскрин

To top