Коронавирусот предизвика хаос кој се прошири низ повеќе од 80 земји во светот.
И додека многумина паничат, има и такви кои благодарение на смртоносниот вирус, на PornHub го пронаоѓаат остварувањето на нивните соништа.
Имено, последните неколку денови многу се актуелни „коронавирус порно филмовите“, поточно филмови за возрасни во кои главните актери носат заштитни одела.
На оваа мрежа веќе се објавени повеќе од 10 филмови на оваа тема, со “многу сочни називи“. Моментално меѓу гледаните филмови е „Агент прегледува дама која има коронавирус“ но и филмот под назив „Напуштен Вухан“.
Актерите во овие остварувања веруваат дека многумина ги привлекуваат филмовите за коронавирусот, на ист начин како што плашливците обожуваат хорор филмови.
„Сите ние бараме нешто што ќе нѝ направи да се чувствуваме живи. Коронавирусот моментално е нешто што создава страв кај луѓето. Мистерија која сите на светот сакаат да ја откријат“, рекла актерката Спајси која глумела во неколку порно филмови за коронавирусот.
извор:точка.ком.мк