Живот и Стил

Користете сода бикарбона за да ја истакнете Вашата убавина!

Користете сода бикарбона за да ја истакнете Вашата убавина!

Еве неколку едноставни трикови кои можат да и помогнат на секоја жена да си ја зачува и да ја одржи убавината.

  1. Маска за лице

Во блендер измешајте една лажица сода бикарбона, две лажици овесни снегулки и малку мед. Додадете онолку вода колку што е потребно за да добиете густа смеса. Маската нанесете ја на лицето, оставете да делува 10 минути и потоа исплакнете.

Резултат со слика за маска за лице

  1. Против црнки

Во малку гел за миење лице додадете една лажица сода бикарбона, лажица сол, и измешајте. Нанесете на сува кожа, почекајте 5 минути и потоа исплакнете.

Резултат со слика за црнки на лицето

  1. За чистење на лицето

Ставете малку сода бикарбона на вашата дланка, додадете неколку капки вода и потоа тријте го лицето. Вака ќе направите нежен пилинг, но притоа внимавајте смесата да не дојде во допир со очите, па убаво исплакнете.

Резултат со слика за чистење на лицето

  1. За педикир

Во топла вода ставете една или две лажици сода бикарбона и неколку капки есенцијално масло. Држете ги стапалата околу 15 минути, а потоа почнете со нежен пилинг.

Резултат со слика за Педикир

  1. За отстранување на лажниот тен

Исцедете сок од лимон и додадете му неколку лажици сода бикарбона, така што ќе добиете густа паста. Користете ја како пилинг, тријте сè додека флеките не исчезнат.

Резултат со слика за Отстранување на лажен тен

 

To top