Радио Милева Среќни мигови

Копија на мама: Натали Грубовиќ славеше роденден на ќеркичката која наполни 5 години (фото)

Копија на мама: Натали Грубовиќ славеше роденден на ќеркичката која наполни 5 години (фото)

Откако се омажи и се пресели во Србија, за Натали Грубовиќ нешто повеќе може да се дознае најчесто кога има некој повод за славење, а тоа за нивна среќа им се случува често. Таа одвреме – навреме знае да сподели некоја фотографија, објава и да покаже како го поминува времето или пак да се пофали ако има некој повод за славење како што беше и овојпат.

Имено, изминатиот викенд, Натали и сопругот го прославија 5-от роденден на нивната ќерка Натали која веќе е потпораснато девојченце.

По тој повод, екс- водителката на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира со сопругот и ќерката, а во описот напиша:

„Среќен роденден моја принцезо Натали“, напиша таа.

За ова прилика, Грубовиќ одбра тесен фустан во корална нијанса, додека славеничката носеше бело фустанче со волуменозни ракави.

Под ојбавата се нижеа честитки од нејзините следбеници, пријатели со искрени желби до малата наследничка.

Инаку, ќерката на Натали го доби името по неа, а тоа е одлука на нејзиниот сопруг Дрен, а кога се роди и одлучија за нејзиното име, таа напиша:

-Штом прв пат ја видов мојата ќеркичка, и во тек на првите ден, два, додека се уште размислувавме за името, и самата го добив чувството дека таа е токму родена Натали, дека името е како создадено за неа, изјави тогаш Натали.

Среќен роденден!

фото: Инстаграм принтскрин/Натали Грубовиќ

To top