Веќе е добро познато колку медот е благотворен, но малкумина ја знаат користа од медената вода односно водата со мед.
Доволно е веднаш наутро, на празен стомак, во чаша топла вода да додадете 1 лажичка мед, да промешате и да испиете, а еве како делува таа на организмот:
Ги топи масните наслаги
Шеќерот кој го содржи медот е од природно потекло и е здрав извор на калории. И не само тоа, тој ви помага да не потклекнете на искушението кога станува збор за други слатки напитоци.
Газираните и другите слатки сокови се полни со празни калории, а со елиминирање на нивниот внес, се елиминираат и масните наслаги. Тоа нема да се случи преку ноќ, но во секој случај е добро за вас на долг рок.
Ја подобрува дигестијата
Антисептичките својства на медот помагаат во ублажување на желудочната киселина, истовремено зголемувајќи го производството на цревната слуз. Медената вода е одлична и за хидратација на дебелото црево, а сето тоа ја регулира дигестијата и спречува појава на констипација.
Го подобрува имунитетот
Медот е природно средство кое изобилува со ензими, витамини и минерали кои помагаат во борба против бактериите. Во комбинација со топла вода, се зголемува и апсорпцијата на споменатите соединенија.
Ги намалува алергиите
Со користењето на локален мед, всушност го приспособувате организмот на поленот кој се наоѓа во вашето поднебје. Тоа за возврат помага да ја намалите чувствителноста на алергиите од животната средина.
Ги ублажува болките во грлото и кашлицата
Медената вода може да ви помогне да ја ублажите болката и иритацијата на грлото, како и да ја намалите упорната кашлица. Ваквата вода е многу подобра и поделотворна од пастилите и не предизвикува никакви нуспојави.
Ја чисти и хидрира кожата
Водата со мед ја негува кожата, правејќи ја свиленкаста и мека, а во истовреме ги елиминира акните и го изедначува тенот.
извор: точка.мк