Живот и Стил

Конечно е познато колку антитела остануваат во организмот по ковид-инфекција

Конечно е познато колку антитела остануваат во организмот по ковид-инфекција

Нова студија го даде одговорот на едно од најклучните прашања поврзани со коронавирусот, колку долго антителата остануваат во организмот по ковид-инфекција.

Студија објавена во Nature Microbiology, базирана на испитување на антитела на 38 пациенти и здравствени работници во болницата Сент Томас, заразени во првиот бран на пандемијата, пред да бидат вакцинирани.

Покрај почетниот пад на нивото на антитела непосредно по инфекција, резултатите покажале дека кај повеќето луѓе (18/19 пациенти) антитела се детектирани и 10 месеци по заразувањето.

Истражувачкиот тим предводен од д-р Кејти Дорс од Институот за имунологија и микробиолошки науки, исто така тестираше како антителата создадени за борба против специфични варијанта сарс ќе реагираат на други варијанти.

Се откри дека антителата генерираат силен одговор на повторна инфекција со истиот сој, иако биле помалку ефикасни во борбата со другите соеви, соопшти Кралскиот колеџ во Лондон.

Антителата се врзуваат за шилестиот протеин на вирусот SARS-CoV-2, а вакцините го имитираат овој протеин за да создадат имун одговор. Но, мутациите во новите соеви (алфа, бета, делта) создадоа загриженост околу тоа дали вакцините кои се развиени за оригиналната варијанта ќе бидат ефикасни против новите варијанти и дали новите вакцини треба да бидат пресоздадени.

Овие резултатите сугерираат дека вакцините специјализирани за еден сој биле помалку ефикасни против другите соеви, а вакцините дизајнирани за оригиналната варијанта, кои моментално се даваат, овозможуваат најдобра заштитеа од сите соеви и треба да се користат.

извор: Кајгана

To top