Радио Милева искрено

Конечно е откриена вистината: Лукас проговори за врската со Карлеуша (фото)

Конечно е откриена вистината: Лукас проговори за врската со Карлеуша (фото)

Врската помеѓу Јелена Карлеуша и Аца Лукас отсекогаш била турбулентна. Познато е дека тие двајца час биле во мир, час во тежок конфликт, кој кулминираше со тепачка и навреди на Инстаграм минатата година.

Тие тогаш се скараа бидејќи Карлеуша застана на страната на Милица Павловиќ во аферата „Проверено“, додека Лукас на страната на Ана Николиќ, која објави демо од хит снимен од нејзината помлада колешка. Вербалната војна траеше со денови. Сепак, се се промени неодамна, кога сите беа изненадени од фактот што Јелена Карлеуша ги заследи Ана и Аца на Инстаграм.

Сега за нивната врска проговори и самиот пејач, кој тврди дека никогаш не се скарал со Јелена, со која има дуетска песна „Банкина“.

– Никогаш не сум се скарал со Јелена Карлеуша. Секогаш имавме некакви спорови, но кога и да се видиме, разговараме. Никогаш не се случило да се сретнеме некаде, а да не контактираме. Без разлика што се случувало пред тоа. Иначе немаме толку пријателски однос каде постојано се слушаме и гледаме, па никогаш не сме се скарале. После тоа не се сретнавме, но гарантирам, да се сретневме – ќе се насмеевме. Тоа што јас и Јелена сме малку со јазикот, тогаш се случува да правиме некои „папазјанија“ преку медиумите и толку – изјави Аца во емисијата „Ексклузив“.

фото: Принтскрин/Дамир Дервишагиќ/Ненад Костиќ/Немања Николиќ/

To top