Култниот македонски бенд „Меморија“ ќе одржи голем концерт под отворено небо во Битола. После големиот концерт во Скопје, настапот на „Пивофест“ во Прилеп, тие закажаа концерт во Битола за на 31-ви август на Ракометното игралиште. Поради метеоролошките најави за екстремно лоши временски услови, концертот е презаскажан и ќе биде одржан во сабота на 3-ти септември 2022 година.
Концертот е дел од програмата на Битолското културно лето, кое всушност се завршува со концертот на „Меморија“. Влезниците се во продажба online на: www.kupikartizase.com, како и на продажните места во Битола: Brothers тобако, Бела роза 2 и ЈК травел по цена од 250 денари. Картите купени претходно важат според обележаното.