Мегафон

Концертна промоција на албумот „New Era“ на Никола Мицевски во Битола

Концертна промоција на албумот „New Era“ на Никола Мицевски во Битола
Проектот “NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.
Никола Мицевски, заедно со неколку познати инструментални и вокални солисти, во придружба на бенд од околу 15 академски музичари спремаат едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика!
Концертната промоција на Никола Мицевски по повод неговиот албум „New Era“ ќе започне со првиот од неколкуте планирани концерти, кој разбирливо ќе биде одржан во неговата родна Битола на 9-ти декември во Центарот за култура!
To top