Откако го „кренаа на нозе“ Истанбул, светски познатите музичари кои потекнуваат од Битола, кларинетистите Исмаил Лумановски и Игор Бакревски и пијанистката Марија Вршкова ќе настапат заедно во родниот град.
На концертот закажан за 22 февруари во Центарот за култура – Битола, музичарите ќе изведат дела од Феликс Менделсон, Амилкаре Понкиели, Џералд Коен, Бела Барток, Анте Гргин и Боки Милошевиќ.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба наскоро, а ќе може да се набават во билетарницата на Центарот за култура – Битола. Концертот е со почеток од 20.00 часот.