Прославувањето на најлудата ноќ во годината, секако стави предизвик – како е неопходно да се организирате за да изгледате волшебно и гламурозно таа вечер. Веројатно сите веќе размислуваат за фустани и аутфити, но кој сака да изгледа беспрекорно, сигурно не пропуштил многу детали.
Ви донесуваме 4 различни стилови на фарбање нокти кои можете да ги имате на 31 декември:
1. Ноктите во комбинација со беж, темнозелени и златни нијанси се една од добитните комбинации кои можете да ги изберете за новогодишната ноќ. Зелената е совршена зимска нијанса, а во комбинација за другите две ова е совршен избор.
2. Белузлавите омбре нокти со мотиви од снегулка се еден од добрите избори доколку сакате посветла нијанса и посветлен изглед на ноктите. Воедно е гламурозен, а укажува и на зимската и новогодишната атмосфера.
3. Беж нијансите се враќаат во мода. Така, ако изберете една од овие нијанси, додадете малку циркони и вашите нокти ќе бидат одраз на луксуз.
4. А ако сакате многу нијанси, дезени, светки, металик бои, тогаш одберете ги дизајните кои најдобро ќе одговараат на вашиот новогодишен фустан.
извор: попара.мк