Живот и Стил

Комбинација која најмногу ја користат Русите: Народен лек против вируси и настинки од 2 моќни состојки

Комбинација која најмногу ја користат Русите: Народен лек против вируси и настинки од 2 моќни состојки

Направете го најдобриот народен лек кој се користи во народната медицина. Мед и лук – прават вистински чуда за вашето здравје.

Сезоната на вируси е „отворена“, а докторите советуваат да го зајакнеме нашиот имунитет со внесување на суплементи, витамини и минерали кои ја зајакнуваат одбраната на организмот.

Но, исто така треба да консумирате и чаеви, а постојат и народни лекови кои во светот се користеле низ вековите.

Најпопуларниот од нив подразбира комбинација на мед и лук – две моќни состојки за превенција на вашето здравје, а токму овој лек редовно го користат Русите.

Како делува?

Лукот го намалува крвниот притисок, како и нивото на холестерол во крвта. Веднаш потоа тој има и антибиотско дејство, па често се користи за сузбивање на настинка или грип, како и превенција против болести.

Редовното консумирање на лукот го јакне имунитетот и произведува антитела во организмот, ги штити крвните садови и го намалува ризикот од срцев удар, истакнуваат докторите.

Медот содржи многу витамини и над 37 минерални материи, меѓу кои калиум, калциум, магнезиум, цинк. Тој помага при кашлица, проблеми со бронхитис и респираторни тегоби.

Како да го подготвите народниот лек?

Состојки:

– 500 грама мед;
– 7 лимони;
– 7 чешниња лук;
– 300 грама ореви;
– 250 грама варена пченица.

Подготовка:

Изблендирајте ја пченицата, па додадете ги оревите, лукот и цели три лимони со кора. Од останатите лимони направете сок кој потоа ќе го додадете во мешавината. Потоа на сето тоа додадете го медот и мешајте додека состојките не се соединат.

Оваа мешавина чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер и консумирајте откако ќе отстои три до четири дена.

Начин на употреба:

Кога лекот е подготвен за употреба консумирајте по една до две лажици половина час пред секој оброк.

извор: точка.мк

To top