Арон и Лаура од Англија, купиле сиво комбе за да можат со него да патуваат и да го истражуваат светот, но исто така и во него да одмораат и живеат.
Тие прво ја промениле бојата на комбето, и тоа сами, затоа што понудата која што ја добиле од професионалец им била прескапа.
View this post on Instagram
Тие го бојадисале комбето најдобро што можат, со две бои – боја на цимет и крем.
Арон и Лаура одлучиле комбето да го бојадисуваат со валјак. Тоа го направиле во нивната гаража, а сето тоа траело само неколку денови за на крајот да го постигнат тоа што го сакале.
View this post on Instagram
Комбето одлучиле да го направат во рустикален стил со помош на ламинат, а за да продолжат во тој стил одлучиле да користат палети за кровот на самото комбе.
Иако дрвото додало голема тежина на кровот, Арон вели дека тоа не го менува начинот на кој што истото се вози.
Тие велат дека многу од работите со кои што го опремиле комбето ги купувале од локалните и од „second hand“ продавници.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
извор: точка.мк