Живот и Стил

Колку време треба да вежбате наутро?

Колку време треба да вежбате наутро?

Секое утро кое ќе го започнете со вежби може да се нарече како навистина успешно утро. Утринското вежбање ни дава доза на енергија и ендорфин, кои ни помагаат да се справиме со стресот за време на работниот ден.

Но, многу почесто се наоѓаме во ситуација кога навистина ни се потребни екстра 10 минути сон и често наместо да скокнеме од кревет се мачиме со таа здодевна опција „snooze“.

На крај ни остануваат само 20 минути за вежбање и често помислуваме дека тоа не е доволно за квалитетнно вежбање, па можеби е подобро да прескокнеме целосно.

Но, фитнес експертите ширум светот имаат поинакво мислење. Тие велат дека не мора секогаш да го земате вежбањето како крајно сериозна обврска. Напротив, доколку вежбањето ви стане лесна навика која со задоволство ќе ја правите наутро, без разлика на времето кое ќе го поминете вежбајќи сепак ќе добиете подобри резултати, отколку целосно да го прескокнете.

На темата колку време треба да посветите наутро на вашиот режим за вежбање и фитнес тренерите и докторите се сложуваат на релативно ниска бројка од само 30 минути дневно.

Во тој временски период имате добри 10 минути за да се загреете и да се истегнете, подготвувајќи ги мускулите за претстојната активност и 20 минути за едно брзо кардио кое ќе го забрза срцевиот ритам и ќе ви донесе доволна доза на енергија во текот на денот.

30 минути и не звучи така лошо и многу, нели?

To top