Секој од нас има циклус на мали ритуали со кои започнува ни денот и се наша мала рутина, од која не сакаме да се откажеме. Додека некои навики се корисни и пожелни, други можеби ќе биде подобро да се отфрлат, што секако е тешко за нас. Да се откажете од лошите навики, кои речиси го сочинуваат нашиот секојдневен живот, е процес што треба да трае долг временски период и бара силна волја и основана мотивација.
Многу психолози го испитувале формирањето на човечката навика и откриле дека не постои прецизно време за да се усвои одредена навика. После серија експерименти на Универзитетскиот колеџ во Лондон, утврдено е дека времето за стекнување индивидуални навики варира од 18 до 254 дена, додека просечното време на стекнување навика е 66 дена.
Стекнување на секоја навика, добра или лоша, започнува со психолошка причина, односно психолошка јамка која се состои од 3 дела, од кои првиот е оној што му овозможува на мозокот да дејствува, вториот дел е токму тоа однесување, а третиот дел е награда, која во иднина би можела да предизвика поттик за повторено однесување. Откако ќе се формира навиката, многу е тешко да се прекине, бидејќи со тек на време станува несвесен процес и се прави речиси механички.
За да се искорени некоја лоша навика, психолозите тврдат дека е неопходно да се воведе нова навика во исто време. Додека се воведува нова навика, старата сè уште постои, но реакцијата на невроните во мозокот на активирањето на старата навика е многу послаб кога паралелно се појавува нова, добра навика.
За да може лошата навика успешно да се искорени, неопходно е да бидете мотивирани, да ви одговараат околностите во кои се наоѓате и истовремено да стекнете нова навика.Треба да пронајдете мотивација длабоко во себе за да се откажете од лошите навики и секојдневно да си објаснувате зошто треба да останете доследни на вашата одлука.
Лошата навика секогаш заменете ја со добра и бидете многу упорни и трпеливи, затоа што лошата навика ќе опстојува исто колку што е присутна во вашиот живот.
извор:попара.мк