Живот и Стил

Колку вода треба да пиете за време на авионски лет

Колку вода треба да пиете за време на авионски лет

Авионските летови можат многу да ве дехидрираат и веројатно знаете дека е препорачливо да пиете вода пред, за време, и по летот. Но колку вода е доволно за вашето тело?

Доколку по симнувањето од авион се чувствувате истоштено, тоа не е поради тоа што сте болни, туку најверојатно е поради тоа што сте дехидрирани.

Реткото и недоволно внесување вода за време на авионски лет може да направи да се чувствувате изморено, да предизвика вртоглавици и слично. Летовите се многу напорни за вашето тело, иако вие можеби не го чувствувате тоа.

Количината на вода доволна за вашето тело зависи од должината на летот. Според Aerospace Medical Association, треба да внесувате по 200 милилитри вода за секој час поминат во летање. Ова се однесува посебно на летовите кои траат подолго од 4 часа, затоа што пократките летови не се толку истоштувачки како подолгите.

Сепак, тоа не значи дека ако ја внесете потребната количина вода одеднаш вашата работа ќе биде завршена. Тој начин на хидратација на телото не работи затоа што така само ја проретчувате крвта, што пак ги предизвикува вашите бубрези побрзо да ја исфрлат течноста од вашето тело.

Правилниот начин на хидратација на телото е да пиете мала количина вода на одредено време.

Секако, постојат и други начини на кои можете да го одржите нивото на вода во вашето тело. На пример, можете да пиете кафе или чај. Обично секоја авио-компанија нуди кафе или чај за време на летовите, па ова може да се покаже како добра опција. Исто така, јадењето на овошје за време на летањето е добра опција за во исто време да ја задоволите гладта и жедта.

извор: Орбис тв

To top