Сакале ние или не, при пливање во јавен базен често помислуваме дали има урина во водата, но се трудиме да ја отргнеме таа мисла и да продолжиме да уживаме.
Според истражувањето кое опфатило 31 базен во 2 канадски градови, во базен кој е една третина од олимписки во просек е пронајдено 75 литри урина.
Прегледани се и јавни џакузи, во кои концентрацијата на урина била уште поголема, а во анонимна анкета 19% од испитаниците признале дека барем еднаш уринирале во базен.
Колку и одвратно да звучи ова, олеснителен факт е тоа што урината станува стерилна во контакт со хлорот кој е присутен во водите на базените.
извор:среќа.мк