Живот и Стил

Kолку треба да сте оддалечени од луѓето што имаат грип за да не се разболите?

Kолку треба да сте оддалечени од луѓето што имаат грип за да не се разболите?

Ако сте загрижени дека можете да се заразите со грип од некој колега или член на семејството, важно е да знаете колку треба да сте оддалечени од болниот за да не ја закачите инфекцијата.

Американскиот официјален Центар за превенција и контрола на болестите изјави дека треба да се тргнете на растојание од 182 сантиметра од заразеното лице. Многу експерти тврдат дека вирусот на грип се пренесува по капков пат од устата на болни луѓе додека кашлаат, киваат или зборуваат, па затоа треба да се оддалечите од нив.

Поретко може да се заразите со допирање предмети што претходно го допирал болен човек, па потоа да се допирате по устата, носот или очите, но внимавајте и на тоа.

Луѓето со грип се најзаразни во првите три-четири дена откако ќе се разболат. Повеќето возрасни може да го пренесат вирусот еден ден пред да почнат да се појавуваат симптомите на грип и пет-седум дена подоцна, а како што наведува Центарот за превенција и контрола на болестите, децата и луѓето со помал имунитет заразата ја пренесуваат за седум дена.

To top