Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева 2018 година ќе ја памети по својата венчавка со нејзиното момче Филип Наунов.
Имено, кон крајот на летото Лора се сврши, а на 28 август официјално стана госпоѓа Наунов.
Свадбата на Лора и Филип се одржа во еден скопски ресторан, а беше интимна прослава за најблиските пријатели и роднини.
Меѓутоа, парот има уште една причина за среќа, односно го очекуваат своето прво дете, плод на нивната љубов.
Имено, неодамна Сузана Турунџиева ја потврди веста дека нејзината ќерка е бремена и дека очекува внуче.
„Во моето семејство повеќе навиваме за машко, а во семејството на зетот повеќе сакаат внуче“ изјави Турунџиева.
Дека Лора навистина ужива во бракот и бременоста ги потврдуваат фотографиите на социјалните мрежи.
Турунџиева односно сега Наунов на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која е со сопругот.
Вака изгледа Лора во својата прва бременост.