Нутриционистот Никола Шубрук тврди дека замрзнатото овошје и зеленчук имаат скоро иста количина на хранливи материи во споредба со свежото.
Замрзнатиот грашок има околу 70 калории на 100 грама, a 79 калории доколку е свеж. Замрзнатиот грашок содржи 5,5 грама протеини, 1 грам масти, 11 гр јаглехидрати и 5,5 гр влакна на 100 грама; свежиот грашок содржи 7 гр протеини, 1,5 гр масти, 10 гр јаглехидрати и 5,6 гр влакна.
Замрзнатите производи имаат и слична количина на витамини и минерали како и свежите, можеби во некој случај помалку, но разликите се минимални.
Од една страна, количината на сол и шеќер може да биде малку поголема во замрзнатото овошје и зеленчук.
Овошјето и зеленчукот се замрзнуваат брзо, во рок од неколку часа од бербата. Се подготвува и се пакува брзо за да се зачува нивната хранлива вредност.
Конзервираните и замрзнатите намирници можат да се складираат доста подолго од свежите производи со што се елиминира можноста да се расипат, а цената на несезонското овошје и зеленчук во текот на годината варира, додека цените на замрзнатите е стабилна.