Живот и Стил

Колку често треба да ја миете косата?

Колку често треба да ја миете косата?

Еве колку често во текот на една недела треба да ја миете косата! Доколку мислиш дека миењето на косата треба да го определуваш сама, PopSugar ќе те увери дека тоа не е така.

Постојат многу фактори кои одредуваат колку често во текот на една недела треба да ја миеш косата, како што се текстурата на косата, состојбата на темето и фризурата.

околку мислиш дека миењето на косата треба да го определуваш сама, PopSugar ќе те увери дека тоа не е така.

Постојат многу фактори кои одредуваат колку често во текот на една недела треба да ја миеш косата, како што се текстурата на косата, состојбата на темето и фризурата.

Доколку имаш мрсно влакно, секојдневното миење на косата може да биде добро  за тебе, особено доколку имаш тенка, права или прекршена коса на која и треба волумен на коренот.

Со кадравата коса е поинаку, не е практично поради стилизирањето и сушењето. Покрај се, кадравата коса е сува, па добро е да се мие што е можно поретко.

Оние кои имаат првут, треба да ја мијат косата најмалку два пати во неделата, со специјален шампон против првут.

Секој што има фарбана коса, знае дека честото миење и штети на бојата.

Експертот за фарбање, Стефани Браун вели дека луѓето со фарбана коса не би требало да ја мијат косата повеќе од 3 пати во неделата, а оние кои имаат сува коса препорачува да ја мијат што е можно поретко.

Доколку имаш чувство дека треба често да ја миеш косата, почни да користиш шампон за суво миење.

To top