Летото е во полн ек, а со тоа и сезоната на вкусни, слатки и сочни лубеници. Таа е една од најпопуларните летни намирници поради аромата, вкусот и леснотијата на консумирање, како и пристапната цена. Сепак, со ништо не треба да се претерува, вклучително и лубеницата.
Јадењето премногу лубеница може да предизвика дијареа. Исто така, нивото на гликоза и ризикот од воспаление на црниот дроб може да се зголемат. Имено, луѓето кои редовно пијат алкохол треба да избегнуваат големи количини лубеница, бидејќи високото ниво на ликопен може да реагира со алкохолот и дополнително да предизвика воспаление на црниот дроб. Прекумерниот оксидативен стрес на црниот дроб може да биде штетен.
Исто така, премногу лубеница може да предизвика прехидратација, односно труење со вода, како и кардиоваскуларни проблеми.
Значи, колку лубеници можете да јадете дневно?
Индискиот нутриционист и физиолог, Ритеш Баври, кој студирал на Универзитетот во Мичиген (САД), потсетува дека 100 гр лубеница има околу 30 калории.
„Со оглед на тоа што најголемиот дел од неа е вода, лесно е да се изеде дури и ½ кг, што значи дека штотуку сте изеле 150 калории. Бидејќи е лесна за стомакот, може да не се чувствувате сити, што ќе ве натера да јадете повеќе отколку што треба, како и да посегнете по друга храна дополнително, бидејќи не ви е доволна. Исто така, има 6 g шеќер на 100 g, така што 500 g лубеница ќе ви даде 30 g шеќер. Идеално е за повеќето луѓе да јадат помеѓу 100 и 150 g шеќер дневно од сите намирници заедно. Шеќерот од лубеницата ви ја зголемува таа бројка“, заклучува Баври.