Македонскиот пејач Влатко Илиевски е пронајден мртов вчера вечерта во својот автомобил.
Информацијата за Курир за потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде посочуваат дека кај нив е пристигната пријава околу 23 часот синоќа.
Од МВР истакнуваат дека Илиевски бил пронајден починат во возило марка „Тојота“ на булеварот „Трета македонска бригада“. Неофицијално, на неговото тело не биле забележани траги на насилство.
Министерството за внатрешни работи информира дека на лице место е извршен увид од страна на полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција по што се очекува да бидат познати повеќе детали.
Неговите колеги на социјалните мрежи објавија статуси и се простуваат со познатиот пејач.
Пејачот ќе биде погребан утре, 08.07.2018 година, на гробиштата во општина Ѓорче Петров, соопшти неговото семејство.
Телото на прерано починатиот Илиевски, ќе биде изложено за последна почит во капелата во оваа општина, од 11 до 12 часот.
Сања Сани Гроздановска
Kaтарина Ивановска
Taмара Тодевска
Влатко Лозановски
Oгнен Здравкоски
Весна Бејби Петрушевска
Tијана Дапчевиќ