Радио Милева љубовна премиера или само нова афера?

Колегијално селфи: Даниел Кајмакоски и се „залепи“ на Кија Коцкар (фото)

Колегијално селфи: Даниел Кајмакоски и се „залепи“ на Кија Коцкар (фото)

Даниел Кајмакоски се пресели и живее во Белград по разводот од Кристина Димитриевска.

Тој е посветен на својата музичка кариера, а претходната година победи и во шоуто „Твото лице звучи познато“.

Периодов тој присуствуваше на снимањето на новата сезона „Луда ноќ“ која ќе се емитува РТС телевизија.

Надвор од работните обврски, изгледа дека Кајмакоски има време да посветува и јавни настани.

Имено, пред некој ден во Белград во „Комбанк арена“ се одржа примиера на краткометражниот филм „Лудница суботње вечери“.

Овој филм ја претставува женската верзијата на хит комедијата „Мамурлак во Лас Вегас“, а главна улога ја има Кристина Кија Коцкар која се глумаше самата себе.

На премиерата се појави јавни личности, а меѓу нив и македонскиот Даниел Кајмакоски.

Тие овој момент го овековечија со заедничко селфи кое се најде на „Инстаграм“ профилот потпишан како @danielkajmakoskifp.

фото: принтскрин/инстаграм/даниелкајмакоскифп

Инаку, на оригиналната фотографија, освен Даниел и Кија, се наоѓа и актерката Сара Камарит.

фото: Принтскрин/инстаграм/саракамарит

Арно ама Даниел неа ја отфикарил, па на Инстаграм го споделил  „прекроеното“ селфи на кое се само тој и Кија Коцкар, образ до образ… Тој разведен, таа разведана, па што да не… Скопје-Београд, Струга – Нови Сад и нова љубов на повидок? Љубовна премиера или само нова афера? Или само размена на симпатии, со прашалник, кој кому му се свиѓа, пардон, допаѓа?

To top