Вишни и темно чоколадо – совршена комбинација.
Состојки:
Бисквит:
3 јајца
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
120 мл јогурт
100 мл масло
150 гр остро брашно
3 лажици какао
1 прашок за пециво
цреши, количина по вкус
Глазура:
500 мл слатка павлака
300 гр темно чоколадо
Подготовка:
За бисквитот изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер до пенаста смеса. Во неа додадете јогурт, масло и брашно измешано со какао и прашок за пециво. Додадете вишни на крајот.
Покријте го плехот со хартија за печење и истурете ја смесата за бисквитот. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Кога ќе се испече бисквитот, оставете го целосно да се излади, а во меѓувреме на пареа растопете го чоколадото со слатката павлака.
Со глазурата прелијте го бисквитот и ставете го во фрижидер да се стегне.
Пријатно јадење!