Тортата со лаванда и лимон е одлична за сервирање со попладневен чај или кафе, а може да се сервира и како десерт после ручек, во лето е совршен избор поради својата лесна текстура…
Состојки:
- малку путер за подмачкување на плехот
- 300 гр шеќер
- лажичка сушена лаванда
- 125 гр бело брашно
- половина лажичка прашок за пециво и сода бикарбона
- прстофат сол
- 2 јајца
- 250 гр грчки јогурт
- 125 мл маслиново масло
- рендана кора од лимон плус лажица сок од лимон
- шеќер во прав
- гранчиња свежа лаванда за сервирање.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте го плехот за печење (тркалезен со дијаметар од 22 см) и ставете хартија за печење на дното.
Во блендер ставете ги шеќерот и лавандата и блендирајте додека лавандата не се иситни. Просејте го брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната и солта заедно во еден сад.
Потоа додадете ги лавандата и шеќерот. Во посебен сад изматете ги јајцата со јогуртот и маслото. Направете вдлабнување среде сувите состојки и постепено додавајте ги течните.
Додадете ја кората од лимон и сокот, но не мешајте премногу. Истурете ја смесата во подготвениот плех/калап. Печете 45-50 минути, извадете го колачот наопаку, излупете ја хартијата и оставете да се излади.
Посипете со шеќер во прав (или направете глазура) пред сервирање и украсете со гранчиња свежа лаванда.
Уживајте!