Подгответе вкусен колач од нутела без печење.
Состојки:
За пандишпан:
100 грама маргарин
300 грама мелени бисквити
50 грама пржени мелени лешници
1 лажичка нутела крем
За фил:
600 грама крем сирење
70 грама шеќер во прав
500 грама нутела крем
50 грама иечкани лешници
Подготовка:
Во тенџере на оган ставете го маргаринот да се растопи, додадете ги мелените бисквити, добро измешајте и додадете ги мелените лешници и една лажица од нутела кремот. Вака подготвената смеса ставете ја во калап (26 сантиметри) и ставете ја во ладилник за добро да се излади.
Во сад ставете го крем сирењето и шеќерот во прав, па се добро изматете со миксер, додадете го нутела кремот и се заедно добро измешајте. Готовиот фил ставете го врз изладениот пандишпан и се добро израмнете. Потоа колачот ставете го во ладилник неколку часа добро да излади, па наросете со исечкани лешници и послужете.