Потребно е:
300 гр плазма бисквити
3 пудинзи од ванила
9 лажици шеќер
1 литар млеко
200 гр путер
4 лажици кисела павлака
4 банани
200 мл слатка павлака за шлаг
Подготовка:
Во малку млеко измешајте го прашокот за пудинг со шеќерот. Остатокот од млекото сварете го и кога ќе зоврие сварете го пудингот. Гответе со мешање додека пудингот не се згусне. Се трга од оган и во него додека е врел се става путерот, се меша додека целосно не се соедини со пудингот. Потоа се додава павлаката и убаво се меша. Додадете ги бисквитите искршени на парчиња (скршете ги со раце) и измешајте. Половина од смесата истурете ја во тавче премачкано со тенок слој путер, одозгора ставете сечкани банани, покријте со остатокот од смесата и оставете да се излади и да се стегне. Врз изладената торта премачкајте го шлагот.
Извор: Курир.мк