Направете коктел солено пециво за појадок, вечера или пак мезе, па и ужина која е совршена да се однесе на работа или на училиште.
СОСТОЈКИ:
- 100 гр. маргарин на собна температура
- 100 гр. рендано сирење
- 1 лажиче сол
- 170 гр. брашно
- 1 јајце за премачкување
- црвен пипер, бибер и вегета
- ПОДГОТОВКА:
Се загрева рерна на 175 степени. - Се става хартија за печење на рамен плех.
- Се ренда сирењето и се става маргаринот во сад со сирењето и сол.
- Се меша да се добие изедначена смеса, се додава потоа брашно и се добива тесто кое не лепи.
- Се дели на три дела, секој се развлекува и се прска со малку вода од горе.
- Се ставаат зачини горе(црвен пипер, бибер, вегета и по избор) и се сече на осум триаголници од кои се виткаат кифлички.
- Се редат на плех и се мачкаат со јајцето, се се става горе по избор сусам, ким…
- Се печат додека не поруменат.
извор: готви.мк