Пробајте го овој коктел што е сличен на Мохито, но е многу полесен и поосвежителен.

Потребни состојки:
- 100 милилитри пенливо вино
- 150 милилитри минерална вода
- 1-2 лажички сируп од бозел
- 2-3 листови нане
- 1 лимета, исцедена
- Лед
Начин на подготовка:
Во голема винска чаша, најпрво ставете го ледот, а потоа исечкајте ги ситни парчиња ливчињата нане и додајте ги над ледот. Сипете го виното, па минералната вода и сирупот од бозел. За крај, додајте и сок од лимета.