Живот и Стил

Која храна треба да ја избегнуваат доилките

Која храна треба да ја избегнуваат доилките

Мајките кои ги дојат своите деца мора да се хранат здраво и избалансирано, што подразбира зголемен внес на здрави намирници и намалување или потполно избегнување на оние намирници кои можат лошо да влијаат на бебето. Ако вашето бебе често има дијареја,грчеви или осипи, погледнете кои намирници се виновни за тоа.

Кафе

Кога пиете кафе, чај или газирани сокови), еден дел од кофеинот завршува во вашето млеко. Со оглед на тоа што бебињата не можат да го обработат и да го исфрлат кофеинот толку брзо и ефикасно како возрасните, вишокот на оваа супстанца во нивното тело може да доведе до раздразливост, несоница и иритација. Решението е едноставно, иако не е лесно за секого – намалете го внесот на кафето и кофеинските пијалоци. Колку и да сте поспани, плачливото и раздразливото бебе кое не може да спие само ќе ја влоши ситуацијата. Пробајте кафе без кофеин, и ако не можете да се откажете од овој пијалок, погрижете се да пиете барем после доењето.

Чоколадо

Бидете внимателни ако чоколадото ви е омилен десерт. Исто како кафето и газираните сокови, така и чоколадо содржи одреден процент на кофеин, иако значително помалку од овие пијалоци. Ако се сомневате дека чоколадата може да биде одговорна за непријатните симптоми на вашето бебе, обидете се неколку дена да не јадете воопшто. Колку и да ви паѓа ова тешко, ако забележите дека во тие неколку денови вашето бебе подобро спие и дека е подобро расположено, исфрлете го чоколадото од вашата исхрана додека доите.

Цитруси

Вкусните и здрави овошја, како портокалот и грејпфрутото, може да содржат одредени материи кои не им влијаат добро на бебињата. Имено, овие супстанции можат да предизвикаат неразвиеност на гастроинтестиналниот систем, а бебињата да добијат дигестивни проблеми, повраќање, а во некои случаи и појава на осип. Направете го истиот тест како со чоколадото и проверете дали проблемот е во цитрусите.

Ако се утврди дека проблемот е во цитрусите, тогаш исфрлете ги од исхраната. Не само овошјето, туку и овошните сокови кои ги содржат истите иритирачки материи. За да ги надополните витамините кои ги содржат цитрусите, започнете со внес на други намирници кои се богати со витамин Ц.

Брокули

Можеби вашите лекари ви рекле дека не треба да верувате во стари и лажни приказни за тоа како конзумирањето брокули, карфиол и други зеленчуци кои предизвикуваат гасови може да доведат до грчеви и гасови кај бебето. Но, прашајте мајка која има искуство со влијанието на брокулите врз бебето, и ќе слушнете друга приказна. Ако мислите дека вашата салата со брокула може да биде крива за симптомите на детето, одморете од оваа билка неколку дена. Но, наместо целосно да ја исфрлиш од исхраната, полека можете да ја вметнувате по малку, и да видите како ќе реагира бебето.

Алкохол

Ако понекогаш пиете чаша вино на вечера, нема причина да се грижите за тоа. Повеќето експерти се согласуваат дека еден или помалку пијалоци дневно немаат ефект врз детето. Но, ако имате навика да пиете повеќе, тогаш ова може да биде сериозен проблем за детето. Американската педијатриска академија тврди дека пиењето алкохол може да има непријатни последици за детето.

Лута храна

Ова зависи од мајка до мајка. Некои жени можат да додадат лути пиперки во речиси секое јадење, а сепак да имаат среќно и задоволно дете. Но, некои мајки забележуваат дека дури и најмалиот додаток на лути зачини во храната може да доведе до раздразливост и нарушување кај бебето што цица. Ако сте забележале дека вашето бебе реагира вака, избегнувајте лути зачини, Наместо тоа, користете зачини кои даваат посебен и интересен вкус, без лутина. На пример, сок од лимон или ѓумбир.

Лук

Колку и да ви е вкусен лукот, вашето бебе не мора да се согласува со вашето мислење. Имено, лукот може да го промени вкусот на млекото, а научниците велат дека ова ароматично растение може да остави вкус во млекото дури и два часа по оброкот. Затоа некои бебиња може да прават гримаси или да одбијат да цицаат, ако ја почувствуваат аромата на лукот во мајчиното млеко.

Кикирики

Дали вие, или членовите на вашето семејство, имате чудни алергии? Ако одговорот е да, тогаш треба да бидете внимателни со конзумацијата на кикиритки додека доите. Кикириките се прилично чести алергени, а препораката е внимателно да се јадат бидејќи бебето може да биде алергично. Ако јадете кикирики, и се потврди дека бебето е алергично, ќе забележите симптоми како што се осип, егземи и тешко дишење.

Пченица

Ако забележите дека по оброкот со леб или тестенини, доењето на детето резултира со плачење, очигледна болка и запек или крв во столицата, ова може да биде индикатор за алергија на пченица. За да проверите дали станува збор за тоа, елиминирајте ја пченицата од менито на две, три недели. Ако симптомите се подобрат или исчезнат, ќе знаете дека сте го нашле главниот виновник – и ќе продолжите да ја избегнувате пченицата.Од друга страна, ако бебето сеуште има непријатни симптоми, елиминирање по еден прехранбен производ од листата се додека не дознаете што е проблемот. Ако на бебето нешто му пречи, веројатно се наоѓа на листата.

Млечни производи

Познато е дека на многу бебиња им пречи адаптираната млечна формула базирана на кравјо млеко. Но, ако мајката пие млеко и јаде млечни производи како што се: сирење, сладолед или јогурт, истите алергени можат да стигнат до мајчиното млеко, а потоа и до бебето. Симптомите на алергија или хиперсензитивност на млеко се грчеви, повраќање, несоница и егзема.

Пченка

Алергиите од пченка се чести кај малите деца, но како може да бидете сигурни дека симптомите како што се грчеви, плачење и осип се резултат на пченката што ја јадевте за вечера? Ако не сте сигурни дека пченката е храната што сакате да ја отстраните, почнете да водите дневник на исхрана. Во него запишувајте кога ќе изедете нешто од пченка и како изреагирало вашето бебе.

Ако забележите дека постои некој шаблон по кој вашето бебе има грчеви и непријатност само кога јадете пченка, веројатно е добра идеја да започнете да ја елиминирате оваа храна.

Школки

Школките се познати по тоа што предизвикуваат алергии, а научниците покажаа дека колку што е почеста алергијата во семејството, толку е поголем ризикот дека детето ќе има алергија и дека ќе се појави многу рано. Иако школките и другите морски суштества, како што е јастогот, не се толку чести во нашата исхрана, сепак, треба да се грижиме и за овие работи. Значи, ако таткото на вашето дете има алергија, но вие немате – можеби сепак е најдобро да ги избегнувате школките додека доите.

Јајца

Алергијата на јајца, која обично претставува хиперсензитивност на белките, се повеќе се јавува кај децата. Меѓутоа, голем проблем е тоа што јајцата се во речиси сè – од леб, преку закуски до сладолед. Затоа оваа алергија лесно може да се превиди.

Соја

Многу деца кои имаат проблеми со кравјо млеко не ја толерираат најдобро и сојата. Ова се лоши вести за оние мајки кои мислеа дека млекото во кафето може да се замени со соја млеко. Ако се сомневате дека бебето реагира лошо на сојата, обрнете внимание производи конзумирате. Имено, протеинските шејкови и енергетските плочки, во кои се наоѓаат изолирани соини протеини, можат да бидат многу поголеми алергени од ферментираните производи.

Она што им се препорачува на сите доилки кои се сомневаат дека детето има алергија е да ги исфрлат сите главни алергени од исхраната.

Тука спаѓаат: млеко и млечни производи, соја, јајца, пченица, кикирики и школки. По две недели, овие намирници почнуваат да се додаваат една по една, во период од околу четири дена. Добро обратете внимание како реагира вашето бебе по секоја нова храна.

To top