Живот и Стил

Која фризура е за вас ако имате ретка и тенка коса?

Која фризура е за вас ако имате ретка и тенка коса?

Секоја девојка која има ретка и тенка коса знае колку е тешко да ѝ даде волумен. Доколку и вие спаѓате овде, важно е да знаете дека начинот на којшто ја кратите косата е особено важен.

Покрај тоа, експертите советуваат да избегнувате користење регенератори со масла кои можат да ја измрсат косата и да ја направат уште потенка.

Долга коса со слоеви
Сигурно веќе знаете дека ретката коса изгледа погусто кога е кратка. Но доколку сакате долга коса, скратете ја во слоеви. Само внимавајте да нема голема разлика во должината на степенот, а предниот дел од косата нека го врами лицето.

Боб фризура
Ова е една од најпопуларните фризури за тенка коса и можете да ја направите со или без шишки. Најдобрата должина за оваа фризура е до брадата или клучните коски. Оваа фризура ќе ја направи вашата коса погуста, а можете да ја направите рамна или заоблена.

Долга коса со шишки и степен
Доколку не сакате да ја скратите косата, а сакате да го освежите изгледот, тогаш направете си шишки и скратете ја косата степенасто во неколку слоеви. Косата ќе ви изгледа многу погусто, а најдоброто е што ќе ви биде потребно многу малку време за да ја обликувате.

Подолга боб фризура со патец од страна
Доколку сакате коса со средна должина, ова е совршената фризура за вас. Патецот од страна ќе ѝ даде густина на косата, а самата фризура изгледа неверојатно без многу труд.

To top