Сонце, море и песок се основните критериуми при планирањето на секое патување, но да не заборавиме дека и безбедноста е од големо значење.
Од тие причини, неодамна спроведено американско истражување, покажува која земја во светот всушност е најбезбедна за патување.
Споменатото истражување опфати 142 земји ширум светот, а учесниците ги споделија своите искуства од земјите во кои живеат, како и други важни информации, кои придонесоа за формирање на конечна листа.
На тој начин, на тронот на оваа листа се најде Сингапур, а веднаш по него следуваат Исланд и Финска, како второпласирана и третопласирана земја.
За некои помалку позната дестинација, Узбекистан, се најде на петтото место.
„Проблемот е тоа што во некои опасни средини, луѓето не пријавуваат дека се злоставувани или пак мачени, па така не постои никаква официјална документација за ситуацијата во одредена земја“, вели авторот на истражувањето Џон Клифтон.
Значи, нема сомнение дека Узбекистан е најголемото изненадување на листата, кој до неодамна и не беше познат како безбедна земја.
Клифтон, вели дека Узбекистан се најде на високото петто место, најмногу поради авторитативната власт, која влијае на одговорите.
„Станува збор за страв. Луѓето не даваа свое искрено мислење, во страв дека интервјуто всушност нема да биде анонимно“, вели тој.
извор: кајгана