Раскинувањето или разводот е трауматично искуство, без разлика колку долго траела врската.
Според астролозите, еден хороскопски знак најтешко го поднесува крајот на врската.
Тоа е хороскопскиот знак Риби, чии претставници се сметаат за луѓе со високо развиена интуиција, па постои можност тие да ги насетиле вашите намери доколку сакате да раскинете.
Кога ќе се заљубат, тие се пример за пожртвувани, суптилни романтичари, а знајте дека со Рибите сте добиле сопатник во вистинска смисла на зборот.
Евај ќе пропуштат и најмал детаљ кога станува збор за некој кого го сакаат. Така, ако почувствуваат дека вие сте нивната голема љубов, тешко дека ќе ве испуштат од животот.
Рибите се исклучително чувствителни, па затоа толку тешко ги доживуваат раскинувањата.
Ќе станат многу љубопитни и сомничави за вашиот живот иако сте ги замолиле да ви дадат простор и време. Испраќањето чести пораки, како што се „Можеме ли повторно да разговараме?“, „Она што го имаме е најдоброто нешто, зошто сакаш крај?“, може да трае бесконечно.
извор: kajgana