Аца Лукас неодамна ја издаде книгата „Ова сум јас“ во која изнесе непознати детали од својот живот.
Во последно време многу се зборуваше за односот на Аца Лукас со Соња Вуксановиќ, како и неговите бивши девојки.
Во еден дел од книгата пишува дека Аца ја изневерувал Соња со „кепец од Гранд“. Во јавноста се шпекулираше дека станува збор за Ана Севиќ.
По тој повод сега се огласи и Лукас кој не даде конкретен одговор.
„Не го спомнав нејзиното име во книгата, нема да откријам која е“, кратко рече пејачот.
Ниту пак Севиќ ги коментираше написите за наводната афера со колегата.